ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ попладнево треба да ги утврди и објави имињата на кандидатите за министри во идната влада

На седници закажани за денеска доцна попладне, Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ треба да ги утврдат кандидатите за министри од коалицијата „Твоја Македонија“ што пред партиските тела ќе ги претстави лидерот на партијата и мандатар за состав на новата влада, Христијан Мицкоски.

Најавата за седниците, по кои се очекува да биде заокружен списокот на кадровските решенија што ќе ја сочинуваат идната владата, неделава во изјава за медиумите ја соопшти Мицкоски. Официјалниот состав на идната влада со министерските позиции и програмата за нејзината работа ќе бидат доставени во Собранието во вторник, на 18 јуни.

Од партијата што ја предводи коалицијата „Твоја Македонија“ досега формално не ги соопштија кадрите кои ќе седнат во министерските фотелји на бул. „Илинден“ број 2, иако во јавноста се шпекулира со конкретни имиња.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button