ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
ВМРО-ДПМНЕ: Поради неспособноста на власта државата се празни

Граѓаните бараат избори час поскоро за да си замине неспособната власт која донесе само криминал, корупција и сиромаштија, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата посочуваат дека на средбите со граѓаните кои ги имаат како дел од партиските теренски активности, се зборувало за масовното иселување од државата.
„Со оваа власт Македонија се празни, односно белата чума се поголем замав зема во земјава. Сето тоа е последица на системот кој што не функционира односно за немањето на еден здравствен систем, образовен систем, немање на еден правосуден систем кој што ќе ја гарантира правдата за сите граѓани во Република Македонија“
порачал пратеникот Драган Ковачки.