ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ, повикувајќи се на документ од АРМ, тврди дека Ковачевски избегнал да служи војска

Откако вчера ВМРО-ДПМНЕ повика премиерот Димитар Ковачевски да објасни дали и зошто во 2001 година избегнал да служи воен рок, денеска од опозициската партија се повикаа на документ со кој, како што тврдат, премиерот не заминал во војска.

„Димитар Ковачевски, премиер на Македонија, го избегнал отслужувањето на воениот рок, правдајќи се со лекарско мислење дека е трајно неспособен за служење војска. Ова е документот, извадок од евиденциона книга на АРМ, објавен на социјалните мрежи. Од овој документ јасно се гледа дека Ковачевски од страна на лекари е прогласен за трајно неспособен. Ова води до два заклучока. Или Ковачевски го злоупотребил влијанието на татко му кој тогаш бил градоначалник на Куманово и партиски функционер на СДС и добил лажно лекарско мислење, или тој навистина е трајно неспособен. Доколку Ковачевски не лажел и не се служел со измама, тогаш ние за премиер на државата имаме трајно неспособен човек, а самата дијагноза кажува дека неговата неспособност не може да се отстрани, т.е. дека таквата состојба кај него е трајна, што значи дека истата може само да се влошува“, рече денеска на прес-конференција Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button