ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ – Предлогот за разрешување на Филипче врз основа на член 68 од Уставот

ВМРО-ДПМНЕ ќе побара од Собранието да го разреши Венко Филипче од функцијата министер за здравство. Барањето за разрешување го темели на надлежностите на Собранието загарантирани со Уставот. Предлогот на опозицијата ќе биде доставен на седницата свикана за 14 септември.

Но, премиерот Зоран Заев не го менува ставот. Премиерот вели дека одлуката за оставките за министерот и на заменик -министерот, ќе ја донесе врз основа на резултатите од истрагата.

За да се процесира барањето на опозицијата за разрешување, мора да се стави на дневен ред. По разгледувањето на точката, се става на гласање. Доколку предложената точка не е на дневен ред, за неа не може да се расправа. Три дена по трагедијата во Тетово, оставка поднесоа министерот за здравство Венко Филипче и заменик -министерот Илир Асани. На нив им се придружија и директорот на тетовската болница, Флорин Бесими и економскиот директор, Артан Етеми.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button