ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ протестираше во Скопје

Опозицијата бара оставки од премиерот Заев и министерот за надворешни работи Бујар Османи. На денешните протести на кои беа блокирани приодите до Владата и до Министерството за надворешни работи, од ВМРО ја обвинија власта дека на средбите со бугарската страна го распродава македонскиот идентитет и историјата. Лидерот на партијата, Мицкоски, го обвини Заев дека пред три години потпишал договор со кој сега Софија го користи за да ја уценува Македонија.

Advertisements

„…За жал тоа не го успеа да го види Зоран Заев и само политички аматер може да потпише еден таков договор во којшто историјата ќе биде критериум за напредок на државата во процесот на полноправно членство во рамките на Европската Унија“, рече Мицкоски.

Демонстрантите бараат оставки, но реално – не ги очекуваат.

„Ја почитувам оваа држава и македонскиот народ. Како ние Бошњаците, Турците, Албанците, Ромите, имаме свој идентитет, јазик, култура и историја, така треба и македонскиот народ.
– Очекувате ли дека ќе поднесат оставки функционерите во Владата?
– Од ‘човек – нечовек’ не можеш да очекуваш такво нешто“, вели еден демонстрант.

Во меѓувреме, дел од демонстрантите беа без маски, а Мицкоски ги повика да ги почитуваат анти-ковид мерките. Инаку ВМРО и утре ќе блокира улици во Скопје. Ќе се протестира од 15 до 16.30 часот, повторно пред МНР и пред Владата.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button