ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче знаеле за криминалот на Груби, молчеле за да не им падне владата

Венко Филипче како врвен функционер на Социјалдемократскиот сојуз знаел за криминалот што го прави Артан Груби, рече денеска на прес-конференција пратеникот од редовите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, коментирајќи го случајот со поранешниот вицепремиер кој изминатата недела е главна тема во јавноста.

„Со години Артан Груби ја краде државата, а СДС знае и молчи. Кога ВМРО-ДПМНЕ зборуваше дека СДС се измеќари на ДУИ, токму на ова мислеше. СДС одмолчеа и го дозволија криминалот на Груби за да не им се налути и ДУИ да не излезе од коалиција“, рече Петрушевски.

Advertisements

Посочи дека опозицијата и Филипче треба да им се извинат на гражените за случајот со Груби.

„Да не беше СДС и нивната болна желба за власт по секоја цена, буџетот немаше да биде оштетен за неколку милиони евра од Груби и неговите другари“, вели пратеникот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button