ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да ги прифати амандманите на ВМРО-ДПМНЕ за трајно намалување на ДДВ за струја од 18 на 5 проценти

СДСМ манипулира со намалувањето на ДДВ – то за струја од 18% на 5%, мерка која е планирана да трае една година, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Наместо половични решенија, а имајќи ги во предвид се полошите економски услови на граѓаните и инфлацијата, ВМРО-ДПМНЕ предлага намалувањето на ДДВ – то за струјата од 18% на 5% да биде од траен карактер, а не 1 година како што предлага СДСМ.

Advertisements

Како што се додава во партиското соопштение:

Граѓаните ќе бидат погодени од зголемувањето на цената на струјата и едногодишно намалување на ДДВ нема да им помогне многу, затоа што веќе од догодина ќе го почувствуваат ударот на поскапувањето.

Дополнително мерката треба да важи и за компаниите, односно за индустријата, а не само за домаќинствата. СДСМ ја доведе целата држава во егзистенцијална криза и затоа мерките мора да бидат општи и инклузивни за сите.

ВМРО-ДПМНЕ апелира амандманите на ВМРО-ДПМНЕ во насока на трајно намалување на ДДВ – то за струја од 18% на 5% да бидат прифатени, бидејќи тоа е од интерес на граѓаните.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button