ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ: СДСМ е виновна за корупцијата во земјава

Вината за неуспешната борба против корупцијата треба да се бара во редовите на СДСМ, обвинува опозицијата. ВМРО-ДПМНЕ преку своја партиска трибина насловена „Корупцијата на СДСМ – столбот на неуспехот на Македонија “ презентираше свои наоди и сомневања за корупција кои според нив доаѓаат од редовите на владеачката партија. Од опозициската партија велат дека поднел пријави до обвинителството за сомневања за ненаменско трошење на народни пари, фалсификувани пасоши и лични карти, злоупотреба на пари од европски фондови, скандали во Фондот за здравство, во Фондот за иновации и ред други случаи за кои нема ниту една завршница.

„Да не зборуваме за Финансиската полиција или финансиското разузнавање. огромен дел од скандалите кои што излегоа во јавноста не најдоа начин да ги проверат. Имаме катастрофално низок процент на кривични пријави од Финансиската полиција која што треба да се грижи за јавниот интерес за предметите кои стигнале до Јавното обвинителство“, изјави Миле Левков ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ ги отфрлаат обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ и велат дека нивните напори во борбата против корупцијата дава резултати.

„Како одговорна, државотворна партија, преку Владата и институциите што ги предводи, СДСМ останува посветена на бескомпромисна и неселективна борба со секаков вид корупција и криминал“, велат од СДСМ.

Во последниот извештај за корупција на Транспаренси интернешнл Македонија напреднала за 24 места во однос на 2020 година. Од 111 место сега земјава е рангирана на 87 та позиција според индексот на корупција. Сличен резултат имаат и Колумбија, Етиопија, Танзанија, Виетнам и Косово.

Иле Петрески

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button