ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ кога зборува за финансиски скандали веројатно мисли на изрекетираните пари кои завршиле кај Заеви

СДСМ кога зборува за финансиски скандали веројатно мисли на милионскиот скандал Рекет, каде што првоосудениот призна дека изрекетираните пари во Македонија завршиле кај Зоран и Вице Заеви.

Advertisements

Или можеби СДСМ под финансиски скандали мисли на снопчињата со пари кои Ден Дончев ги ставаше во торба, за кое патем уште нема никаква разврска во Обвинителството иако од скандалот помина една година.

 Или можеби за финансиски скандал го сметаат набавката на софтверот од страна на Рашковски, кој бил набавуван од фирма основана веднаш после изборот на Заев за премиер.

Или веројатно под финансиски скандал се мисли на фантомската фирма од Хонг Конг преку која власта на Заев сакаше да набавува кинески вакцини по цени повисоки од набавните и уште десетина милионски скандали поврзани со нивни функционери.

СДСМ залудно се обидува да ја дефокусира јавноста од сопствените криминали, скандали , но и од сопствената неодговорност и неспособност.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button