ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ по пресот на Димиторв: Сите го напуштаат бродот што тоне

Сите го напуштаат бродот на Заев управуван од Ковачевски, затоа што е јасно дека тој тоне, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, по прес конференцијата на вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, на која тој обелодени дека нема да биде дел од новиот владин кабинет.

Advertisements

„Сфаќаме дека за кариеристот Никола Димитров менувањето од министерската позиција е негов најнесреќен ден и затоа барем кариеристот Димитров нека не глуми генерал после војна и дека наводно бил жртва на “злобната” Бугарија, туку тој е жртва на својата неспособност и распродавањето и поигрувањето со државните интереси. Наместо Европа на Македонија, СДСМ Заев и Димитров ја однесоа државата во ќор сокак во однос на европските интеграции.

Димитров е кариерист кој ги заплетка и комплицираше односите со сите наши соседи и го поларизираше општеството.

Задоцнета е грижата на кариеристот Димитров за националните и државни интереси бидејќи беше првиот кој ги продаваше кога СДСМ беше во налет и цврста власт, и целосно ги игнорираше предупредувањата на ВМРО-ДПМНЕ. Сега неговата грижа освен што е лажна и лично мотивирана таа е и задоцнета.

И сосема на крај, не е интерес на странците, туку пред се интерес на македонските граѓани тој и оваа власт никогаш повеќе да има одговорности во оваа држава“, се наведува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button