ВМРО ДПМНЕ: Тендерот за избор на фирма за надзор бил наместен
ВМРО ДПМНЕ: Тендерот за избор на фирма за надзор бил наместен

Се продлабочуваат сомнежите за регуларноста на тендерската постапка за надзор на работите за изградба на Коридорот 8 и 10-д. Условите на тендерот биле променети кога веќе бил објавен за да одговара на шпанската фирма „Ептиса“, велат во ВМРО-ДПМНЕ, вперувајќи го прстот кон премиерот Ковачевски и првиот вицепремиер Груби . Според опозициската партија, освен што се продолжил рокот, отстранет бил и условот компанијата да има позитивно финансиско салдо во последните три години.
Владата и понатаму не одговара на прашањата на Алсат зошто донела одлука со која на Ептиса и се вратило правото да добива тендери вредни над 1 милион евра, само два месеца откако на владина седница била донесена одлуката, фирмата да не може да учествува на тендери повисоки од 1милион евра.
Алсат обезбеди неофицијални информации според кои во компанијата „ЕПТИСА“ како француско-шпански конзорциум, лидер на менаџерскиот тим е Бранислав Димитријевиќ, обвинет во Ерменија за „измама“. Димитријевиќ бил гонет за најмалку три кривични дела. Тој избегал од Ерменија навдоно со помош на македонски дипломати кои му дале дипломатски пасош и го евакуирале со приватен авион. Од добиените податоци произлегува дека Димитријевиќ, освен што е раководен лидер на „ЕПТИСА“, е основач и на компанијата „Еуро Консалтинг“, фирма која исто така е избрана да го надгледува конзорциумот што ќе ги гради Коридорите 8 и 10- г во Македонија . За раководител на компанијата од јуни 2021 година го назначил својот син Зоран Димитријевиќ.
Алсат веќе објави дека компанијата „ЕПТИСА“ во 2016 година се приклучи на групацијата кинески компании „ЈСТИ Груп“ како една од најголемите инженерски компании во светот. Не се знае дали при изборот Владата водела сметка и за стратешките определби и за спречување на проширување на кинеското влијание во земјава.
Компанијата основана од Димитријевиќ „Еуро консалтинг“ во Македонија добила над 270 тендери од државни институции и општини. Нивната вредност достигнува над 4,5 милиони евра./Alsat.mk
Фатлуме Дервиши