ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека има план како да ги надомести штетите од договорот со „Бехтел и Енка“

Во нова серија прозивки меѓу власта и опозицијата, ВМРО-ДПМНЕ тврди дека актуелната Влада оставила само две опции за тоа како понатаму да се развиваат настаните во врска со договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на коридорите 8 и 10-д. Меѓутоа, од опозициската партија велат имаат план како да ги надоместат последиците алудирајќи на пеналите кои, тврдат, ќе се плаќаат во стотици милиони евра бидејќи проектот ќе се продолжи за уште две години заради тоа што не се промениле законите што власта ветила дека ќе ги промени.

Advertisements

„Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ по вака потпишан договор има две опции:

Првата, е да се раскине договорот, пред судот во Париз да се изгуби по прифатените закони на Англија и Велс. Тоа ќе чини стотици милиони евра штета, но без квадрат поставен асфалт!;

Втората, да се зачува суверенитетот, да се зачува Уставот и законите и автопатот да се заврши во рамки на македонските закони и македонските процедури! Така би се продолжило времето на изградба, но и сумата, заради катастрофалниот договор и обврските преземени од крими владата на ДУИ и помалиот партнер СДС.

ВМРО-ДПМНЕ има план како сето тоа да го надомести“, рече денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button