МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Владата била запознаена со промоција на фашизам од Бугарија сред Битола

Владата била запознаена со сите детали околу скандалозната промоција на фашизам од Бугарија, реагираат денеска од најголемата опозициска партија во земјава, ВМРО-ДПМНЕ. Партијата реагира на изјавата на министерот за надворешни работи Бујар Османи кој рече „да не се викаше бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“, ќе дојдеше државниот врв и заедно ќе го отворевме”.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека со оваа изјава Османи всушност признава дека македонската Владата била запознаена со промоција на фашизам од Бугарија.
Од опозициската партија прашуваат – Зошто владата молчеше за промоцијата на фашизам на Бугарија среде Битола и зошто не побара забрана за делување на здружението кое величи човек со контроверзно минато?

„Вистинското прашање како институциите дозволиле формирање на здружение кое го велича ликот на Ванчо Михајлов, надвор од историскиот контекст на неговата улога, погрешно интерпретирајќи ги и глорифицирајќи ги неговите заложби за негирање на македонскиот народ? Зошто досега Ковачевски не се огради и не ја осуди промоцијата на фашизмот од страна на бугарскиот премиер?“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button