ВМРО ДПМНЕ: Владата ги зголеми непродуктивните трошоци

Иако владата пред неколку месеци добро знаела каква економска криза не очекува, не само што не се откала од непродуктивните трошења, туку и зголемила дел од набавките кои редовно ги прави секоја година, обвинува опозицијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека од пред Нова година до денес Владата на СДСМ и ДУИ потрошила 200 илјади евра за хотелски услуги и оти Службата за општи и заеднички работи купила цвеќе во вредност од 50 илјади евра, а 40 илјади евра биле потрошени за набавка за прибор за јадење.. Од Владата одговорија дека ВМРО ДПМНЕ манипулира и оти наведените набавки не се однесуваат само на Владата, туку за сите институции: Собрание, Влада и Претседател. „Проценетите вредности на рамковните договори се исти со години наназад, иако малопродажните цени се далеку повисоки, што говори за определбата за домаќинско економско работење“ соопштија од Владата.
„Три милиони денари одвоиле или 50.000 евра за набавка на кафе преку СОЗР само за нивни потреби на оваа Влада. Па замислете во 3 милиони денари, во груба пресметка бидејќи тоа одело на тендер, има набавка за околу 400.000 кафиња. 400.000 дози на кафиња набавила оваа Влада. Секој работен ден во една година во Владата треба да се пијат над 1.700 кафиња дневно. И сега јасно ви е зошто оваа Влада ништо не реализира и ништо не работи?“, изјави Димче Арсовски портпарол на ВМРО-ДПМНЕ /Алсат.мк