ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ја приватизира итната помош за ќар на поединци

Владата наместо да вработи лекари и да им зголеми плати, ја приватизира итната помош за ќар на поединци, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Advertisements

„Власта низ мала врата сака да протурка законски измени за приватизација на итната помош. И од тоа ќар ќе имаат само поединци. Апсурдни се тезите на СДСМ дека тоа ќе биде само во реони кај што нема итна помош. Ако на приватен стопанственик му се исплати да купи возила, са вработи и плаќа лекари, даноци и да има профит, тогаш зошто државата не го направи истото, и наместо профит, парите од истиот ќе завршат за поголеми плати“, се вели во сопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Според ова партија Заев и Ковачевски не можат да ја убедат јавноста дека за државата не е исплатливо отворање на итна помош каде што ја нема, но затоа ќе биде исплатливо за приватен инвеститор.

„Наместо да гледаат да го наполнат џебот на лице блиско до Заев и Ковачевски, од СДСМ да го повлечат законот, зошто профитот за кој се пазарат не е од парите на Заев и Ковачевски, туку од буџетот на народот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button