МАКЕДОНИЈА
ВМРО-ДПМНЕ: Власта не сака да се откаже од непродуктивното трошење

Александар Велјановски од ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата „Патот кон“ на Алсат ги обвини партиите од власта дека и покрај изјавите за домаќинско работење, не сакаат да се откажат од непродуктивните трошоци.
„Го слушаме премиерот Ковачевски, којшто беше заменик министер за финансии дека ќе крател 100 милиони евра од непродуктивни трошоци. Тој бил заменик министер за финансии кога овие 100 милиони евра биле во буџетот. Имаме непродуктивни трошоци од кои владата не сака да се откаже, а тоа е врз грбот на граѓаните“, вели Велјановски.