МАКЕДОНИЈА
ВМРО-ДПМНЕ: Во целост го поддржуваме ставот на НАТО за конфликтот меѓу Украина и Русија

ВМРО-ДПМНЕ, во согласност со своите идеолошки, програмски и стратешки уверувања и делувања, во целост ги поддржува ставовите на партиите од Европската Народна Партија (EPP) во врска со најновата ескалација на конфликтот помеѓу Украина и Руската Федерација.
„Уште еднаш го повторуваме ставот дека, за ВМРО-ДПМНЕ, почитувањето на нормите на меѓународното право чиј носечки дел се територијалниот суверенитет, интегритет и независност на Украина се фундаментално важни. ВМРО-ДПМНЕ, како во минатото, така и сега, но и во иднина, во целост ги поддржува ставовите на НАТО во однос на предизвиците со кои се соочува светот денес“, се вели во соопштението.