ВМРО-ДПМНЕ: Време е од ДУИ да одговараат, не затоа што се Албанци, туку затоа што се криминалци

Времето кога ДУИ можеше да се заканува со војна заврши, сега е време кога ќе треба да одговараат за криминалот кој го правеле и да завршат во затвор, не затоа што се Албанци, туку криминалци, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на обвинувањето на ДУИ дека „Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ поттикнуваат објава на војна против Албанците“.
„Груби наместо да ги окупира партиските меилови за праќање на соопштенија за одбрана на неговиот криминал, да каже како неговиот брат се стекнал со дуќан од половина милион евра сред Скопје, а неговата фирма со години е во загуба? Груби да намали со хистеријата која ја шири и да одговори на прашањето како шалтерски работник на брат му добива акредитација за лабораторија за баждарење на инструментите за точење нафтени деривати и течен нафтен гас на бензинските? Груби и ДУИ се најголемиот сатрап на Албанците во Македонија, додека тие се богатат обичниот народ се иселува. Ја разбираме нервозата кај Груби и ДУИ, а таа е предизвикана од фактот што по изборите тие ќе треба да се соочат со нова реалност, да заминат во опозиција“, се наведува во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.