ВЕСТИКОШАРКА

ВМРО-ДПМНЕ за трамвајот на тркала: Ќе се фрлат 70 милиони евра за 10 минути побрзо пристигнување од Ѓорче до Аеродром

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ негодува по вчерашното потпишување на договорот за заем од 70 милиони евра од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за изградба „Бас рапид транзит“ (БРТ) во Скопје или популарно наречениот брз трамвај на тркала и смета дека тоа не е решение за големиот сообраќаен метеж во главниот град.

„Мрзливиот Шилегов ќе фрли 70 милиони евра за 10 минути побрзо пристигнување од Ѓорче до Аеродром. БРТ не е решение и тој ќе создаде и голем сообраќаен метеж. Проектот за БРТ, кој е замислен да се протега од Лисиче до Ѓорче Петров, ќе го уништи средишното зеленило на булеварите ’Видое Смилевски-Бато‘, ’Јане Сандански‘, ‘Кузман Јосифовски – Питу‘, ’Кочо Рацин‘ и ’Партизански одреди’“, реагира советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

Тие велат дека ќе се загрози и главната водоводна цевка која се наоѓа на 2 метри длабочина во средишната зона на „Партизанска“. Исто така, негодуваат и за тоа што линијата ќе минува по средишните ленти од булеварите, а не по крајната десна лента.

„Патниците ќе бидат принудени да поминуваат три ленти за да стигнат до автобуската постојка или при излегување од автобусот да го поминат булеварот, а не како сега директно од автобусот да се најдат на пешачка зона, со што се загрозува безбедноста во сообраќајот, но и се отвора потреба од пешачки надвозници, што е многу скапо, а нивното користење до сега се покажало како минимално од страна на граѓаните“, велат од опозицијата.

Тие велат дека решение за сообраќајниот метеж во Скопје се две подземни сообраќајници, едната од Влада до комплексот банки со која би се скратило патувањето од Аеродром од Карпош за половина час, и другата зад „Рамстор“ која би опфаќала кружни текови на две нивоа, а ќе го реши сообраќајот од Карпош кон Кисела Вода.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button