ВЕСТИЕКОНОМИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: За власта, освен перките од ајкула, луксуз се и брашното, сирењето, конзервите, детската храна

Перките од ајкула, станаа брашно, сирење, конзерви, детска храна. Ковачевски ги поскапе сите производи за да го полни буџетот за крадење, обвинија денеска од ВМРО-ДПМНЕ откако се увоија последните измени на Законот за ДДВ со кои стапката на ДДВ од 5 порасна на 10 отсто за дел од производите кои од страна на Министерството за финансии беа означени како „луксузни”.

Advertisements

„Владата лажеше кога велеше дека ставката на ДДВ од 10 отсто ќе биде само за луксузни производи како перки од ајкула. Наеднаш луксуз за оваа влада станаа брашното, џигерот и сладоледот. За власта богати се сите граѓани кои јадат замрзнатите теста, млечни и сирни намази, сирење и урда, зденка, пармезан, ајдемер и гауда кашкавал, павлака за готвење, растителните сирења и намази, па затоа истите ќе треба да плаќаат по 10 отсто ДДВ за овие производи. Не знаеме како и лутеницата, цвеклото, фефероните, мајонезот, сите видови апетисани, компоти, конзервирана храна, полнети макарони, тортиљи и нудли станаа луксуз според Ковачевски, па народот ќе треба да ги плаќа поскапо“, реагираат од најголемата опозициска партија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button