ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО: Георгиев и Мемети се пример зошто е потребно распуштање на Судскиот и Советот на јавни обвинители

Правната разрешница на случаите со врховниот судија Наќе Георгиев и поранешниот заменик-претседател на Советот на јавни обвинители Иџет Мемети, кои признаа вина за поткуп во постапката што се води против поранешниот градоначалник на Ново Село, Боро Стојчев, за кои Георгиев доби тригодишна затворска казна, а Мемети условна, е пример за тоа зошто е потребно Судскиот совет и Советот на јавни обвинители да бидат распуштени, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Advertisements

Оттаму прашуваат какви се постапките кои овие двајца корумпирани функционери ги влечеле и уште колку неправди нанеле имајќи предвид дека едниот, според ВМРО-ДПМНЕ, е близок со Зоран Заев и Венко Филипче, а другиот со Али Ахмети.

„Корумпираноста која ја гледаме преку Наќе Георгиев и Иџет Мемети е причината зошто е потребно распуштање на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, само така ќе се врати вербата на народот во судството“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button