ВМРО: „Го оспоруваме Договорот со Бугарија, не преговарачката рамка со ЕУ“
ВМРО: „Го оспоруваме Договорот со Бугарија, не преговарачката рамка со ЕУ“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска излезе со детали околу најавениот референдум. Според него, тој не е против преговорите или против членството со ЕУ, туку против Договорот за добрососедство со Бугарија. Особено против членот 12 со кој се воспоставува заедничка комисија, која треба да ги решава историските прашања. Токму нејзината работа се претвора во предуслов за напредок во преговорите.
Одговарајќи на ова прашање, првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека народот ќе може да стави крај на антимакедонскиот договор што го потпишале СДСМ и Зоран Заев во 2017 година. Според него, прашањето е така составено затоа што неговата партија го оспорува договорот и неговиот член 12, а не преговарачката рамка со ЕУ. Мицкоски додава дека прашањето и модалитетот на обврзувачкиот референдум се добро смислени за да се заобиколат маневрите што, според него, може да ги направи првиот човек на Собранието Талат Џафери за да се урне иницијативата.
Мицкоски бара Владата да не го опструира референдумот, а истовремено ги повика другите партии, вклучително албанските и граѓаните Албанци да се солидаризираат со македонските национални интереси.
Лидерот на опозицијата на средба со новинарите рече дека без разлика на резултатот од референдумот, пратениците на неговата партија остануваат против уставните измени. Ако референдумот помине, тогаш Договорот за добрососедство со Бугарија ќе престане да биде правно обврзувачки за Македонија, како што е предвидено во преговарачката рамка, се прекинуваат преговорите со ЕУ, Мицкоски вели дека е подготвен за уставни измени. Објаснувајќи ја потребата од референдумот, Мицкоски рече дека неговата партија нема ништо против ЕУ, туку против преговорите кои, според него, не се водат според вредностите на ЕУ, туку за идентитетски прашања и со бугарски барања. Лидерот на опозицијата додаде дека не очекува опструкции од Собранието, иако според него, досега неколку пати се покажало дека иницијативите на опозицијата биле попречувани од мнозинството и од првиот човек на Собранието.
Адриан Керими