МАКЕДОНИЈА
ВМРО: „Групацијата Мериот, сплотена за спас на Заев“

Групацијата Мериот покажа дека е сплотена единствено за спас на Заев и во заштита на неговиот криминал, реагираа попладнево од ВМРО-ДПМНЕ. Според нив, организаторите на денешниот настан се мала уцената група којашто нема ниту една критика кон Заев, ниту пак став за било кое важно прашање за граѓаните. Чудно е како најавуваат конгрес, а не се делегати, велат од ВМРО, наведувајќи дека единствениот конгрес кој постои е редовниот и тој ќе се одржи во ноември, а тоа што на Заев сега му треба е дефокус од актуелните проблеми во државата.