ВЕСТИЕКОНОМИЈА

ВМРО и коалицијата Алијанса-Алтернатива со повеќе од 200 амандмани за ребалансот на буџетот

Почна комисиската расправата во Собранието за ребалансот на буџетот за оваа година. Повеќе од 200 амаднамни се поденесени од пратеничките групи ВМРО- ДПМНЕ, и коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива. Со првиот ребаланс на буџетот годинава планира да потроши дополнителни триста милиони евра од првично планираното. Расходната страна на буџетот е зголемена за 8,6 насто или сега ќе изнесува 4,3 милијарди евра. Приходната страна на буџетот ќе се зголеми за 100 милиони евра или ќе изнесува 3,6 милијарди евра. Со ребалансот се очекува и зголемување на буџетската дупка од 180 милиони евра со што ќе достигне 6,5 отсто од БДП.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button