ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
ВМРО ја условува средбата Мицкоски-Ковачевски, ова се барањата
ВМРО-ДПМНЕ има одредени услови под кои би прифатиле средба на партискиот лидер Христијан Мицкоски со идниот премиер, Димитар Ковачевски.
„Доколку има таква покана за средба, таа ќе биде прифатена под услов да се разговара за предвремени парламентарни избори како единствено одржливо и одговорно решение за граѓаните, содржината на одговорите на бугарските барања 5 плус 1, различни ставови и точки во кои би бил вклучен разговор на тема борба против криминалот и корупцијата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Ковачевски ден претходно за ТВ Телма изјави дека меѓу првите работи по изгласувањето на новата влада ќе биде средбата со лидерот на опозицијата Мицкоски.
Фатлуме Дервиши