ВМРО: Мерко на црната листа е шлаканица за ДУИ

Ажурирањето на американската црна листа со името на Рамиз Мерко беше шлаканица за ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Пратеничката Ели Панова на партиската трибина за криминал и корупција рече дека ако се земе предвид колку истраги имало во изминатиот период за првиот човек на Струга, тој веќе треба да одговара, меѓутоа, блиските до неговата партија во истражните органи, велат од ВМРО-ДПМНЕ го спречуваат тоа.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека власта, следните денови ќе направи се за да се заборави темата Мерко, а тој да не одговара.
За ваквиот став на опозициската партија реагираа од СДСМ. Од партијата на Ковачевски велат дека е перверзно ВМРО-ДПМНЕ да држи трибина за криминал и корупција, а уште помалку од Белата палата, која според нив е симбол на криминалот и корупцијата.
Фатлуме Дервиши