ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО не дава поддршка за „Отворен Балкан“ без да има детали од владата за иницијативата

ВМРО-ДПМНЕ не дава поддршка за „Отворен Балкан“ додека не добие одговори од власта за тоа која е целта на оваа иницијатива. العب روليت Претседателот на партијата Христијан Мицкоски вели дека тој не бил повикан ниту од премиерот Димитар Ковачевски, ниту од неговиот претходник Зоран Заев, за да добие сериозно објаснување за учеството на Македонија во „Отворен Балкан“. Според Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ нема да даде поддршка на невидено.

„Кога ќе добиеме информација за тоа која е целта на иницијативата и што носи таа иницијатива, тогаш можеме да седнеме и да разговараме поконкретно за поддршка или не-поддршка. / Слушнав во едно објаснување дека таа е за добрососедска соработка, но јас честопати го поставувам прашањето на кој начин две од овие три земји коишто се во „Отворен Балкан“ граничат?“, рече Мицкоски.

Во меѓувреме во Собранието тапкаат повеќе договори со Албанија и Србија кои произлегуваат од „Отворен Балкан“. ربح مال حقيقي Се чека седница на Комисијата за надворешна политика да свика претседавачот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, за потоа договорите да можат да се ратификуваат. Засега таква најава нема, а од владејачкото мнозинство повикаа опозицијата да не блокира договори кои се во интерес на граѓаните.

„Ние имавме прес-конференција за да се откочат сите оние ратификации коишто се во делот за подобрување, односно олеснување на условите за размена на работници помеѓу државите вклучени во проектот „Отворен Балкан“. Досега немаме никаков одговор од страна на Антонио Милошоски“, рече Миле Талески – пратеник на СДСМ. كيفية الربح في الكازينو

За ратификација чекаат договори за слободен пристап до пазарот на труд, за интерконекција за електронска идентификација и за соработка во областа на ветерината и безбедноста на храна. Од СДСМ истакнаа дека поради однесувањето на опозицијата не може да започне издавањето на единствен идентификациски број за граѓаните од земјите од „Отворен Балкан“ за работниците од Македонија, Албанија и Србија да имаат пристап до пазарот на труд без посебни работни дозволи или какви било бариери.

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button