ВМРО: Нема гаранции од Германија дека нема да има нови блокади од Бугарија

ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека никој не и дава никакви гаранции на земјата дека по уставните измени нема да има понатамошни услови за преговори со ЕУ. Пратеникот Драган Ковачки, рече дека изјавата на германскиот канцелар била пренесена неточно од владините служби, бидејќи според него, Шолц не рекол дека гарантира дека нема да има услови, туку дека не треба да има.
Но, премиерот Ковачевски, при посетата на Берлин, уште еднаш кажа дека изјавата на канцеларот Шолц беше јасна, и дека Германија стои на страната на Македонија.
Но, албанската опозиција е песимистична дека владата е заинтересирана уставните измени да се случат што е можно поскоро. Пратеникот на Движењето БЕСА, Фадил Зендели, вели дека Владата го одложува поднесувањето на уставните измени до Собранието, за да нема предвремени парламентарни избори.
„Каде што треба да се дискутира, во Собранието, каде што сме сега, тука нема предлог. Ако немаме предлог, немаме за што да разговараме. Значи владата купува повеќе време за да го одложи процесот колку што е можно повеќе за да нема предвремени избори, за да може да го истера овој свој мандат до крај. И ова е нејзината главна грижа за тоа како да го продолжи својот мандат до крај, а не како да направи уставни измени и како да работи за доброто на граѓаните на земјата“, рече Зендели.
Од Движењето Беса велат дека нема да глсаат за устваните измени, ако нема да има предложено и остранување на 20 отсто.
Мефаил Исмаили