МАКЕДОНИЈА

ВМРО нема што друго да понуди, вели Маричиќ за барањето предвремени избори од страна на Мицкоски

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат ги коментираше барањата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени избори. Како што вели Маричиќ, таквите барања се должат на тоа што опозициската партија нема нешто конкретно што би можела да му понуди на народот.

Advertisements

„Неуспешниот обид за смена на владата во Собранието во ноември, заедно со неуспешноста на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, им создава притисок да инсистираат на избори бидејќи немаат што друго да понудат“, вели Маричиќ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button