ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
ВМРО обвинува: „Ковачевски дезертирал од воен повик во 2001-вата“
ВМРО обвинува: „Ковачевски дезертирал од воен повик во 2001-вата“

Од ВМРО-ДПМНЕ го обвинуваат премиерот Димитар Ковачевски дека свесно дезертирал и не ја исполнил својата воена обврска во воениот период од 2001 година. Од оваа партија го повикуваат премиерот да покаже дали во тој период ги лажел институциите и лекарите.
Од СДСМ велат дека со овие тврдења ВМРО-ДПМНЕ се обидува да го оттргне вниманието од скандалот со тендерот кој предизвика раскол меѓу градоначалничката на Град Скопје и партијата на Мицкоски.
Премиер Ковачевски засега ниту ги потврдува, ниту ги отфрла обвинувањата на ВМРО./ Alsat.mk
Фатлуме Дервиши