ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО планира да продолжи со блокадата на Собранието

ВМРО планира да продолжи со блокадата на Собранието

Големи се шансите ВМРО-ДПМНЕ да не учествува на првата координација по враќањето на пратениците од летната пауза, закажана за утре. Од оваа партија велат дека планираат да ја спроведат истата практика со бојкот на координациите, но и со продолжување на активното блокирање на Собранието. Како и да е, последниот збор за тоа како ќе постапува опозициската ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период ќе го даде извршниот комитет на партијата кој допрва ќе биде свикан.

Advertisements

Од СДСМ велат дека Собранието треба да се фокусира и на заостанатите точки во комисиите и пленарните седници.

„Неминовно е да се отвори темата за сите преостанати точки и идните чекори. Ќе работиме на заостанатите, но и на новите точки што ќе дојдат на дневен ред, тоа значи и на комисии и на пленарни седници“, изјави Јован Митревски- СДСМ.

Активната блокада на Собранието од страна на ВМРО-ДПМНЕ, но и долгиот период на полуфункционален законодавен дом што претходеше на оваа блокада, оставија многу законски иницијативи на половина. Од извештајот што го подготви Собранието пред летниот распуст, 29 седници од вкупно 83 се некомплетни, а над 80 точки од вкупно 973 на пленарните седници останаа на половина бидејќи не го поминале комисискиот филтер.

Извештај за работата на Собранието

Вкупен број на седници: 83

Завршени седници: 54

Незавршени седници: 29

Од 973 точки кои беа на дневен ред на пленарните седници, над 80 точки останаа неразгледани бидејќи комисиите не одржаа седници иако беа исполнети сите услови за тоа.

Останати точки за гласање на пленарните седници: 2

Активната блокада на Собранието од страна на ВМРО-ДПМНЕ почна на 10 мај како притисок за предвремени избори. Пратениците на оваа партија учествуваа на седниците, но ги искористија можностите предвидени со Деловникот да ја блокираат постапката. Единствените точки што поминаа се оние кои беа поврзани со подобрување на финансиската состојба на некои категории граѓани./Alsat.mk

Фатлуме Дервиши

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button