ВМРО предлага мерки против скапите енергенси

Пратеничката група на ВМРО- ДПМНЕ достави до Собранието два предлог закона за намалување на акцизата на горивата, но и за данокот на ДДВ за прехранбените производи и за парното. Акцизата според нив треба да се намали за 50 проценти со што ќе се намалат трошоците за граѓаните и транспортните компании.
„Со ова цената на бензинот веднаш ќе се намали за 13 денари а цената на дизел горивата за 9,5 денари. Со вториот предлог на закон бараме до 31 декември данокот на додадена вредност за исхрана и топлинска енергија да бидат со 0 проценти. Дополнително бараме ДДВ-то за електричната енергија до крајот на годината да биде 5 проценти, а не само до први јули, по што е предвидено ДДВ-то да биде 10 проценти“, рече Бојан Стојановски- Пратеник на ВМРО- ДПМНЕ.