ВМРО со отровни стрели кон Талат, СДСМ и ДУИ му ракоплескаат

ВМРО-ДПМНЕ оценува дека првиот човек на Собранието измислил непознати причини за да ја отфрли нивната иницијатива за референдум. Според опозициската партија, Талат Џафери ја заштитил Владата од судот на народот за поништување на Договорот со Бугарија. Од оваа партија се повикуваат на член 24 од Законот за референдум и велат дека може да има референдум за меѓународни договори кои се надлежност на Собранието или за други прашања за кои Собранието одлучувало.
Но, во своето отфрлање, првиот човек на Собранието се повика на членот 118 од Уставот кој вели дека меѓународните договори кои се ратификувани согласно Уставот се дел од правниот поредок и не можат да се менуваат со закон. Мнозинството вели дека Џафери го бранел Уставот.
„Нема ништо спорно ако се оценува уставноста на актот донесен од г-н Талат Џафери. Но, да потсетиме, одлуките на Талат Џафери често не им се допаѓаа на политичките партии, но времето докажа дека тој е најголемиот почитувач на Уставот. Сите битки за уставноста на своите одлуки ги доби на институционален начин пред Уставниот суд“, вели Арбр Адеми, ДУИ.
Албанската опозиција пак, нагласува дека нема враќање од евроинтегративниот пат.
„Јасно изјавивме дека сме за европски пат, го поддржавме францускиот предлог и нема двосмисленост во овој поглед“, рече Фадил Зендели, Движење Беса.
Со одлуката на Џафери, иницијативата за организирање на референдумот практично е отфрлена и за неа не следат други чекори.
Фатлуме Дервиши