ВМРО со пет нови имиња на функционери кои наводно кријат имот

ВМРО-ДПМНЕ објави пет нови имиња на функционери или, како што велат, лица блиски до СДСМ и власта, кои не го доставиле својот имотен лист до Антикорупциската комисија. Во објавувањето на податоците за таканаречената афера „Тајни имоти“, ВМРО-ДПМНЕ ги спомена имињата на Ана Марија Павиќ, Сашо Максимовски, Теди Цоневски, Гајур Рушит, Ташко Дојчинов и Васко Стефанов. Опозициската партија бара премиерот да преземе мерки против нив.
„Тајни имоти“, обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ:
• Ана Марија Павиќ – член на управниот одбор на Центарот за прием на ализанити,
• Сашо Максимовски, претседател на Комисијата за одобрување на инвестиции ФИТР и раководител на сектор во Влада,
• Теди Цоневски, член на Комисијата за одобрување инвестиции во ФИТР (Фонд за иновации и технолошки развој),
• Гајур Рушити, директор на Инспекторат за транспорт,
• Ташко Дојчинов, државен правобранител на единицата во Гевгелија,
• Васко Стефанов, директор на Пошта
Македонската опозиција пред еден ден објави уште четири имиња. Двајца од нив ги отфрлија обвинувањата како невистинити, а еден призна дека добива мала сума, за која вели дека е подготвен да сноси одговорност.
„Нема потреба да поднесувам анкетен лист до Антикорупциска бидејќи не сум вработен. Во Фондот на холокаустот работев доброволно без паричен надоместок“, рече Алберт Муслиу, Претставник во Фондот на холокаустот.
„Анкетниот лист е доставен навреме, поради што ги објавувам и пратките до Антикорупциска“, рече Валентин Груевски, директор на Македонски шуми.
„Станува збор за управен одбор каде што месечниот надоместок е 1.000 денари. Доколку Антикорупциска оцени дека било потребно да се достави анкетен лист и треба да има санкција, ќе ја прифатам“, рече Ивица Јевтиќ, Прифатен центар за баратели на азил.
Од Комисијата за спречување на корупцијата најавија дека ќе ги истражат информациите на опозицијата, но нагласија оти актуелниот закон им дозволува да ги истражат само анкетните листови со имотот на функционерите кои ги поднесуваат. Оваа институција бара законски измени, поточно донесување на Закон за потеклото на имотот за да има целосен пристап до истрагата за можни коруптивни елементи.
Фатлуме Дервиши