ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО: Со потпис на Груби во земјава влегуваат коцкарски фирми на бугарската мафија

ВМРО-ДПМНЕ ги обвинува првиот вицепремиер Артан Груби и директорот на Државна лотарија Перпарим Бајрами дека со нивни потпис во казино бизнисот во земјава, му овозможуваат влез на бугарскиот мафијаш Васил Бошков, кој е на црната листа на САД од 2021 година.Од ВМРО велат дека додека компаниите на Бошков се на на црната листа, Владата од лукративни причини соработува со нив спротивно на интересите на стратешкиот партнер и со цел да се прошири руското влијание во земјата.

Advertisements

Движењето Беса денеска побара од претседателот на Собранието, Талат Џафери и од претседателот на Комисијата за европски прашања, Арбер Адеми, да ги кажат причините за блокирањето на Законот за игри на среќа во Собранието. Според Фадил Зендели, вистинската причина треба да се бара кај блиските лица на Груби кои тој ги предложи за директорите и членовите на управниот и надзорниот одбор на Државна лотарија и новата Државна видеолотарија.

„Дали причината за блокирање на измените на Законот за игри на среќа е Перпарим Бајрами, близок човек и помошник на Артан Груби, директор на Државна лотарија и сограѓанин на Арбер Адеми. Или можеби Артин Спахиу, член на централното раководство на ДУИ, верниот човек на Груби и сега член на управниот одбор на новата државна видеолотарија. Или Хавуше Лесковица Исмаили, шеф на кабинетот на Груби која е член на надзорниот совет на државната видеолотарија? Дали причина за блокадата е и Омер Буњаку, личен пријател на Артан Груби и член на надзорниот совет на новосоздадената државна видеолотарија. Или Хадије Хоџа, сопругата на наследникот на Груби во Движењето Разбуди се, која е член на надзорниот совет?, рече Зендели.

Со последната одлука на Владата, формиран е одборот на акционерско друштво за регулирање, имплементација и контрола на онлајн коцкањето. Според образложението на Државна лотарија, ова се прави со цел да се контролира црниот пазар во земјата.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button