ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО собра потписи против пописот, но Заев одговори: Пописот ќе биде успешен

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ се пофали дека за три часа над 25 илјади граѓани се потпишале на пунктовите на кои се собираат потписи за поништување на Законот за попис. За да се поднесе ваков предлог потребни се 10 илјади. Остануваат на барањето да се направи електронски попис зашто сметаат дека само така ќе се добие реална слика. На премиерот Зоран Заев му порачаа да се откаже од, како што велат, фалсификат попис зашто народот ја испратил пораката.

Advertisements

Доколку Зоран Заев има барем малку доблест по денешната порака која му ја упатија граѓаните, ќе го повлече Законот за попис. Народот јасно кажа дека не е предмет за политички поткусурувања. Народот не е на пазар за некој со него да подмирува сметки. Тоа што Заев го договорил како коалициски договор, нека најде друг начин да си го подмири -велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ одговорија дека ВМРО-ДПМНЕ со собирање партиски потписи нема да го спречи одржувањето на пописот. Сметаат дека партијата на Христијан Мицкоски се обидува да ја закочи и саботира оваа статистичка операција, која во земјава не се одржала веќе 20 години и со тоа работи против граѓаните и државата. Премиерот Заев е убеден дека пописот ќе биде успешен зашто, вели, законот бил согласно сите меѓународни стандарди.

Убеден сум дека ако одложиме до есен – тогаш е кампања и не можеме. Следната година веќе влегуваме во 2022 година исто така непредвидлива, никој не може да каже што ќе се случува. Сè е подготвено за одржување на пописот. Јас верувам дека ќе преовлада трезвеноста, одговорноста и зрелоста во сите нас како граѓани, а најмногу кај политичарите во државата – изјави Зоран Заев, премиер.

Според донесениот Закон за попис, тој треба да се одржи од 1 до 21 април годинава, додека електронскиот попис на дијаспората почнува на 1 март.

Алсат

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button