ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО соопшти дали размислува за нови локални избори во Град Скопје

Најголемите политички партии не сметаат дека се потребни нови избори за Совет на Град Скопје по судирите меѓу ВМРО и Данела Арсовска. Од партијата на Мицкоски велат дека за ова прашање не се разговара во партиските тела. Иако не се задоволни од досегашната работа на Арсовска, во Советот ќе продолжат да ги поддржуваат само оние проекти кои се во најдобар интерес на граѓаните.

Advertisements

Од СДСМ оценуваат дека во овие кризни моменти не е време да се организираат нови избори за Совет. Одговорноста за случувањата во Градот, паѓа врз ВМРО, велат оттаму.

„Одлуката на граѓаните на локалните избори 2021 година беше СДСМ во Скопје да биде опозиција. СДСМ ја почитува оваа одлука на граѓаните и ќе продолжи да ја почитува и во иднина. Остануваме да дејствуваме како опозиција во рамките на Советот на Град Скопје, штитејќи ги интересите на граѓаните“, велат од СДСМ.

Судирите меѓу ВМРО и Арсовска почнаа откако таа ги разреши директорот на „Водовод и канализација“ и генералниот секретар на Градот. По ваквата одлука на Арсовска и други кадри на ВМРО-ДПМНЕ поднесоа оставки во јавните претпријатија кои се во надлежност на Град Скопје, со образложение дека при извршувањето на нивните должности имало некоординација со градоначалничката Арсовска.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button