ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО тврди, Талат Џафери сака да испровоцира нов „27 април“

Иако се свесни дека интерпелацијата против претседателот на Собранието Талат Џафери можеби нема да помине, ВМРО-ДПМНЕ ќе го води процесот до крај. Лидерот на оваа партија Христијан Мицкоски вели дека претседателот на Собранието има намера да го повтори 27 април со своите постапки, но неговата партија нема да стане жртва на вакво сценарио.

Advertisements

Во моментов интерпелацијата која сè уште не е поднесена ги има само гласовите на ВМРО-ДПМНЕ. Алијанса за Албанците има десетици поплаки за работата на Џафери и неговото раководење, но засега од оваа партија нема конечна одлука за поддршка на интерпелацијата.

„Ние сме опозициска партија и врз основа на нашиот став ќе разговараме во нашата пратеничка група и ќе донесеме одредена одлука. Алијанса за Албанците постојано беше во некоја форма под притисок или тенденција да биде бојкотирана и игнорирана од претседателот.., изјави Елми Азири, Алијанса за Албанците

ВМРО-ДПМНЕ најави интерпелација против првиот човек на Собранието откако излегоа снимките каде се слуша како тој пцуе и навредува лица од собраниските служби. Но, конечната одлука за тоа дојде откако Џафери во средата против нивна волја ги затвори пратениците во салата. За првиот инцидент Џафери рече дека нема да им се извини на службениците за навредите со тврдење дека не ги навредувал нив, туку нивниот пристап кон работата. За второто, тврдеше дека има право да ги затвора вратите бидејќи должност му била да става ред во салата. /Алсат.мк

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button