ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО: Владата удира по малите претпријатија

ВМРО: Владата удира по малите претпријатија

ВМРО ДПМНЕ ја обвинува Владата дека со поднесените предлог законски решенија за даночната реформа се утврдува дека не станува збор за реформа, туку за нови даночни оптоварувања. Од партијата на Мицкоски велат дека законските решенија ниту еден ден не беа објавени на електронскиот систем за нови закони, ЕНЕР и само еден месец пред новата календарска година се поднесени во собраниска процедура. Ваквиот начин на работа на Владата во економијата создава клима на неизвесност и несигурност.

Advertisements

“Знаејќи дека малите фирми се нераскинлив дел од економијата, последиците ќе се рефлектираат и на средните и големи даночни обврзници. Во таква околина,  микро даночните обврзници Владата ги поттурнува до ивица на провалијата на сива зона, која наместо да ја намалуваат, со укинувањето на ослободувањето од данок на добивка до 3.000.000 денари, ја стимулираат неформалната економија.

За какво праведно оданочување станува збор, кога како последица на овој предлог закон се поттикнува сивата економија, затворање на фирми, отпуштање на вработени, зголемено иселување, нови социјални случаи. Наспроти тоа неформалната економија останува во комфор зона”, реле Илиеска, ВМРО ДПМНЕ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button