ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
ВМРО: Власта нема легитимитет за промена на Уставот

Оваа власт нема легитимитет, а згора на тоа наметнуваат уставни измени. Со оваа порака Гордана Силјановска-Давкова, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ го искажа ставот на оваа партија во врска со денешната седница. Тоа што се бара од Македонија е спротивно на европските вредности, потенцираше Силјановска.
Таа рече дека Уставот треба ретко да се менува, со рака што трепери, а не како што тоа го прават пратениците од власта, да кршат раце за промена на Уставот. Силјановска рече дека одлуките како промена на Уставот не се носат без легитимитет.
Давкова нагласи дека земјата сака членство во ЕУ, но упати критики за двојните стандарди на Брисел во однос на Бугарија, која не ги ни спомнува Македонците, а камоли да ги има во Уставот.
Алсат