ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
ВМРО во Скопје ќе има 18 советници, за мнозинство се потребни 23

Според конечните резултати на Државната изборна комисија ВМРО – ДПМНЕ во град Скопје освоиле 18 советнички места каде носител на листата е универзитетскиот професор Трајко Славевски. СДСМ освоил 12 советници. ДУИ во градското собрание ќе има пет советнички места, додека Левица четири. Во советот на градот влегуваат и двајца независни кандидати од „Зелен хуман град“, како и двајца советници на Алијанса – Алтернатива. Две советнички места освои и коалицијата Либерално-демократска партија и ДОМ. Советот брои 45 советници, а за мнозинство потребни се 23 советнички места.