ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
ВМРО води со 2.000 гласови во Охрид, вели кандидатот Пецаков

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, за градоначалник на Охрид, Кирил Пецаков во својата изјава за Алсат, рече дека е во водство од околу 2.000 гласови пред неговиот противкандидат од СДСМ, Константин Георгиевски.
„Во моментов водам со околу 2.100 гласови. Се пребројуваат уште неколку гласачки места. Како и да е, голема победа на граѓаните на Охрид“, рече Пецаков.