
Претставниците на ВЛЕН, кои претходно одржаа посебна конференција за 100 дена истакнаа дека нивниот фокус во овој период бил ставен на борбата против казината. Тие најавија длабоки реформи и враќање на довербата на граѓаните во институциите, но и бескомпромисна борба против корупцијата.
ВЛЕН и ВМРО за овие 100 дена имаа различни ставови околу прашањето за Законот за јазици, Балансерот, бегството на Блерим Рамадани и Законот за Бранителите. Законот за јазици за ВМРО е противуставен, но не и за ВЛЕН, кој се обидува да го оправда евентуалното укинување на 3 члена од Уставниот суд.
Балансерот ќе биде заменет со нов закон за правична застапеност е постојаното ветување на ВЛЕН, но ВМРО-ДПМНЕ, не го вброи прашањето во врвот на приоритети.
Истото се случува и со прашањето за интеграциите. ВЛЕН изрази желба да се придвижи процесот, но процесот може да се придвижи само доколку се направат уставни измени, за кои ВМРО-ДПМНЕ не покажа интерес да ги направи.
Поддршката за општините со заеми од Унгарија, која ја обезбеди ВМРО, е достигнување кое двете страни го уживаат и го посочуваат како успех. Меѓу заедничките точки на партнерите е и декларацијата за борба против корупцијата.
Декларативно и двете страни поддржуваат борба против корупцијата, економскиот развој, и изразуваат подготвеност за реформи во судството./Алсат.мк
Суад Бајрами