Внатрешноста кубури за обвинители зашто сите сакаат во Скопје
Внатрешноста кубури за обвинители зашто сите сакаат во Скопје

Сите основни обвинителства во С Македонија се на мака да добијат обвинители, но и покрај тоа, најголем дел од новодипломираните кандидати се заинтересирани да работат само во Скопје. Поради ова, Советот на обвинители одлучи новиот оглас да биде отворен само за градовите со најмал број обвинители, а не и за Скопје. За 31 слободно место ќе може да се пријават и 28 кандидати кои штотуку ја поминаа Академијата за судии и јавни обвинители и тоа за следниве овие обвинителства:
Оглас за обвинители
- Тетово – 6 обвинители
- Битола- 2 обвинители
- Гевгелија – 2 обвинители
- Дебар – 1 обвинител
- Кичево – 3 обвинители
- Кочани – 1 обвинител
- Охрид – 2 обвинители
- Ресен – 1 обвинител
- Струга – 1 обвинител
- Велес – 1 обвинител
- Гостивар – 3 обвинители
- Делчево – 1 обвинител
- Крива Паланка – 1 обвинител
- Куманово – 2 обвинители
- Прилеп – 2 обвинители
- Свети Никола – 1 обвинител
- Струмица – 1 обвинител
Доколку овие кандидати не се пријават на повикот затоа што сакаат да работат во скопското обвинителство, имаат само една шанса. Меѓу 28-те кандидати кои ќе може да се пријават има и деца и членови на семејства на функционери на ДУИ. Имињата кои предизвикаа реакции во јавноста се Барлет Џафери, син на спикерот на Собранието Талат Џафери, Албулена Абази, сопругата на првиот човек на Обвинителството за гонење на организиран криминал, Ислам Абази, внукот на поранешниот член на ДИК од ДУИ, Субхи Јакупи, Илир и други. А, иако перцепцијата на граѓаните за партиско мешање во судството од ден на ден се зголемува, директорката на Академијата Наташа Габер Дамјановска има поинакво размислување. Да се немало предрасуди за кандидатите и покрај нивните роднински врски со функционери.
Неодамнешните анкети покажуваат дека само 4 отсто од населението има целосна доверба во судството./Алсат.мк
Ардит Рамадани