ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Внимавајте со пораките и линковите што стигнуваат на име „Пошта“

Внимавајте со пораките и линковите што стигнуваат на име „Пошта“

Лажни СМС пораки на име на Пошта да не се отвораат или да се кликнува на линкот, апелираше министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Според него, ваквите пораки граѓаните треба да ги пријават во Министерството за внатрешни работи.

Advertisements

Во меѓувреме, Андоновски зборуваше и за опасните предизвици што ги користат младите на ТикТок. Прашан дали ќе има ограничувања за пристапот на учениците до одредени мрежи во училиштата, тој рече дека веќе подготвиле водич кој го споделиле со педагошката служба на МОН.

Андоновски рече дека е против целосна забрана на TikTok кај нас, бидејќи со блокирање на една апликација постои можност корисниците да одат на слична апликација. Но, според него, доколку мерките што ги презема ова министерство не се доволни, тогаш не може да се исклучи и можноста од целосна забрана./Aлсат.мк

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button