Внукот на Ахмети не вложил пари во „Соравија“, но ќе биде косопственик

Некој има многу пари, некој силно презиме, ова е формулата за успех во Македонија. Сопственикот на албанската компанија „Пе-вла-ку“ и сопственикот на македонската компанија „Тор индустри“ велат дека „Соравија“ ја купиле со гаранција за земена кредитна линија од 6 милиони евра. Потпис на договорот ставил Владимир Пјетр Ѓока, кој е акционер и во „Крединс банка“ во Албанија и сега поседува повеќе од половина од овој трговски центар. Но, вели дека го презеле и неговиот долг од 20 милиони евра, со што пазарната цена на објектот се искачува на околу 26 милиони евра. Внукот на Али Ахмети, од брат Дрин, рече дека неговиот чичко немал никакво влијание врз оваа бизнис зделка, бидејќи целата дилема што се поставува е како млад човек без никаква инвестиција презел половина сопственост.
„Јас не сум придонел финансиски ниту еден цент, не дека мојата компанија немала можност, но ова беше комерцијален договор бидејќи таму ќе вршиме работа и управување..Ахмети ми е чичко и Господ да го благослови, тој ми беше мотивот на животот, но нема врска со мојата работа, ништо! А тоа што се зборува во медиумите, многу ме трогна!“, вели Дрин Ахмети.
Двајцата инвеститори кои го купија трговскиот центар „Соравија“ се појавија пред медиумите за да ги расчистат сомнежите покренати во јавност за потеклото на богатството на внукот на Али Ахмети, Дрин, кој на 28-годишна возраст стана акционер на 39% на „Соравија Инвест“ и 49% од „Соравиа Менаџмент“, без да инвестира ниту еден денар. Продавачаот, австрискиот бизнисмен Хано Соравија, рече дека на Дрин не му требале пари како гаранција, туку амбиции.
Сегашни сопственици на Т.Ц „Соравија“
Компанија „Соравија Инвест„ Компани „Соравија Менаџмент“.
51% Владимир Пјетр Ѓока 51% Владимир Пјетр Ѓока
39% Дрин Ахмети 49% Дрин Ахмети
10% Хано Соравија 0% Хано Соравија
„Видете, јас имам 62 години, Дрин има 28-29 години и затоа кажав ДА за да започне бизнис иднина. Студирав во вашата земја пред многу години и сега морам да погледнам некој нов кој се надевам дека ќе ги спроведе своите идеи во проектот за развој на зградата додавајќи можеби неколку ката кои нема да можат да профитираат од 10-те проценти удел што јас ќе имам”, вели Хано Соравија, поранешен сопственик на Т.Ц „Соравија“.
Кога ќе дојде странски инвеститор во земјава, први што му нудат бизнис клима се политичките функционери за привлекување странски инвестиции. Но, Пјетр Ѓока негира дека има политичка поддршка, дури рече дека како градежна компанија нема добиено ниту еден јавен тендер во Македонија, додвајачи дека не го добил проектот во Кичево за канализација, проектот во Гевгелија ниту проектот Скопје-Блаце.
„Мојата понуда за изградбат на канализацијата во Кичево беше најевтина, 11,2 милиони евра, но ја доби ИКС компанија од Азербејџан која понуди 13 милиони евра. Со ова се покажува масовната корупција. Учествував на тендерот Блаце-Скопје, имав најевтина понуда и загубив од „Гранит“, ова е втора точка за корупција“, рече Владимир Пјетр Ѓока, сопственик на фирмата „Пе-Вла-Ку“.
Тој вели дека во земјава немало јавен тендер и сега инвестирал во приватна фирма чие име не го знае.
„Со Соравија имаме многу голем проект на брегот на Валона во Албанија. Тој проект е причината што ме донесе во Скопје. За ова се работи? Проектот Скопје? Соравија? Мислиме да го направиме поатрактивен и енергетски ефикасен како што се бара во ЕУ“, додава Владимир Пјетр Ѓока, сопственик на фирмата „Пе-Вла-Ку“.
Најгласните критики доаѓаат од опозициската ВМРО ДПМНЕ .Тие го поврзуваат внукот на Ахмети со јавни тендери за лични добивки на челниците на ДУИ, кои се на власт. ВМРО исто така обвинува дека ова се само дел од парите кои се пример за корупција и финансиски криминал извршени со изнуда од даночните обврзници. Овие обвинувања категорично ги демантираат и двајцата приватни инвеститори и самата политичката партија ДУИ.
Аднан Ќаили