ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Во 14:00 часот нов обид во Собрание да се изгласа Предлог законот за игри на среќа?!

Шефот на Комисијата за европски прашања, Арбр Адеми, денеска во 14 часот ќе се обиде да го стави на дневен ред предлог-Законот за коцкање, по неуспехот пред една недела поради немање кворум и приговори на опозицијата. Информацијата за Алсат ја објави Здружението за игри на среќа, иако на официјалната веб-страница на Собранието има само една точка на дневен ред, а тоа е предложениот Закон за советодавен систем за земјоделци и рурален развој.