ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Во 22 часот почна забраната за движење, полицискиот час ќе трае до 05 наутро

Вечерва низ градовите во земјава истата слика што ја гледавме минатата пролет. Празни улици на кои се движат само полицијата, брзата помош и оние кои ги имаат посебните дозволи од минатата година. Зголемениот број на заразени го врати полицискиот час во земјава. Почна пред точно еден час, а ќе трае до 5 наутро. Со ваков ритам ќе живееме најмалку до 22 март.