Во АА растат несогласувањата и незадоволството по одлуката на Арбен Таравари да ја напушти владата
Во АА растат несогласувањата и незадоволството по одлуката на Арбен Таравари да ја напушти владата

Во АА растат несогласувањата и незадоволството по одлуката на Арбен Таравари да ја напушти владата. Конечно, членката на централното раководство и потпретседателка на женското собрание Наиме Ислами Зеќири, преку објава на социјалните мрежи, нагласува дека не ја напушта партијата, но не продолжува со оние кои, како што вели, отстапуваат од принципите.
„Неодамнешната одлука за повлекување од владата, без целосно објаснување и без отчетност пред граѓаните кои ни веруваа, претставува погрешен пресврт. Не за мене лично, туку за сите оние кои веруваа во овој политички проект како средство за донесување одржливи промени. 107-те илјади граѓани кои гласаа со надеж и верување дека промените се можни не треба да бидат разочарани“, нагласува Зеќири.
Јас сум на страната на оние кои сè уште веруваат дека политиката е алатка за служење на граѓаните, а не за манипулација со нив. Не ја напуштам партијата што ја изградивме со посветеност, но не можам да стојам во насока што отстапува од нашите почетни принципи, додава Зеќири.