ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Во Аеродром ќе има парк на место каде што требало да никнат згради, соопшти градоначалникот Муцунски

Општина Аеродром почнала постапка за бришење на две маркици со кои се предвидувало изградба на згради и локацијата ќе се пренамени во парк, информираше на денешната прес конференција градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски. Како што кажа тој, станува збор за подрачје во вкупна површина од 5 000 метри квадратни.

„Почната е постапка за бришење на две маркици една за општинска, другата за станбена зграда и таа локација ја пренаменуваме во парк. Таквата пракса во општина Аеродром ќе продолжи и во следниот период“, рече Муцински.

Новоизбраниот градоначалник на Аеродром откри и дека наскоро, со градоначалникчата на Скопје, Данела Арсовска, ќе го промовираат проектот „Мегапарк“ кој ќе се протега на 100 000 метри квадратни, на локација која претходно била предвидена за дива депонија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button